Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Министерот Калињак ја пречека Сиљановска со букет цвеќе во Словачка – истакна дека државата предолго е во челакната на ЕУ

/

пред 124 дена

Сподели преку :

Потпретседателот на Владата на Република Словачка и министер за одбрана, Роберт Калињак ја пречека претседателката Гордана Сиљановска- Давкова со букет цвеќе во рамките на нејзината официјалната посета на Република Словaчка.

Вицепремиерот ја реафирмираше силната словачка поддршка на македонскиот евроинтеграциски пат, при што истакна дека Македонија неоправдано и предолго се наоѓа во чекалната на ЕУ. Процесот на проширување, според него, треба да е заснован единствено на исполнувањето на Копенхашките критериуми.

Калињак го сподели своето позитивно искуство во соработката со македонските државни институции, изразувајќи подготвеност за натамошно унапредување во повеќе области, меѓу коишто и во одбраната.

Претседателката Сиљановска-Давкова изрази задоволството од принципиелниот став на Словачка во врска со проширувањето на Унијата. Таа укажа на ирационалноста на барањата и условите од идентитетски карактер, проследени со вето. И двајцата се согласија дека билатералните прашања не смеат да бидат предмет на преговорите за членство во ЕУ.

Во пресрет на претстојниот Самит на НАТО во Анкара, соговорниците се осврнаа и на безбедносната состојба во Европа, а  јакнењето на партнерството во НАТО го истакнаа како клучен фактор за зачувување на регионалната стабилност и европската безбедност.