Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Министерот Лога бара Судски совет да го испита работењето на претседателот на кавадаречкиот суд Лазар Нанев

/

пред 1063 дена

Сподели преку :

Претседателот на основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев, повеќе не е претседател на Советот за Информатичко комуникациски технологии правосудните органи откако денеска министерот за правда го разреши од функцијата поради како што кажа нарушен интегритет.

Тој побара од судскиот совет да го испита работењето на Нанев во Кавадарци и наложи тим од министерството за правда да го испита АКМИС системот.

Претседателот на кавадаречкиот суд, Нанев, не одговори на повиците на неговиот телефон и испратените пораки.

Лога не е задоволен од работата на Судскиот совет кога станува збор за случајот со претседателот на судот во Кавадарци Нанев.

Тој побара од нив повторно да го испитаат неговото работење но и наводите кои се испратени до Судскиот совет од кавадаречкото обвинителство, Вишото јавно обвинителство и Советот на јавни обвинители.

Во барањето на Лога до Судски совет испратено минатиот четврток, стои дека Судски совет дописите не ги третирал како преставки иако во нив имало дури и листинзи од телефонот на Нанев кои покажуваат честа комуникација со обвинети лица во два предмети, а со едниот од нив разговарал дури 78 пати.

Огнен Чанчаревиќ