Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Министерот Муцунски на средба со Рубио во Вашингтон

/

пред 507 дена

Сподели преку :

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски се среќава со американскиот државен секретар Марко Рубио. Од Министерството за надворешни велат дека ќе се разговара за актуелни прашања од заеднички интерес, за соработката на билатерално и мултилатерално ниво, како и во рамки на НАТО Алијансата.

Средбата се одржува во Стејт департментот во 9.30 по локално време, односно 15.30 по македонско време. Повеќе информации Министерството за надворешни најавува по завршувањето на средбата.

Претходно во Дејтон, Охајо Муцунски учествуваше на одбележувањето на 30-годишнината од Дејтонскиот договор во рамки на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО.