Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Министерот за транспорт Александар Николовски останува на ставот дека мора да се смени постоечкиот договор и цената на пругата кон Бугарија

/

пред 742 дена

Сподели преку :

Коридорот 8 и железничко поврзување со Бугарија сепак ќе има. Македонската и бугарската делегација вчера во Брисел си подадоа рака и се договорија дека проектот мора да се заврши и двете страни ги соопштија своите услови. За Македонија единствено прифатливо е доколку Бугарија започне со ново проектирање на тунелската цевка и Македонија и Бугарија заеднички да извршат пробивање на тунелот. Пречка е и цената на проектот па затоа македонската делегација побарала да има нов повик за заеднички проект кој ќе го спроведат двете држави и во исто време да се гради пругата од двете страни на границата.

Двете делегации во Брисел се договорија на крајот на месецот да има уште една средба каде ќе се прецизираат детали од реализацијата на проектот.

Министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николоски, изјави дека проектот ќе мора да се смени бидејќи постоечкиот проект и цена е неприфатлив за Македониja.

„Почна дијалог вчера во Брисел. Следно за две недели на 31 пак средба. Да видиме. Ние инсистираме на нашите позиции да има заеднички проект и да е изводлив проектот нормално да се разгледа цената, по оваа цена секако дека не можеме. Да видиме што ќе направиме. Јас сеуште сум против овој проект. Овој проект сигурно нема да се работи дали ќе работиме нов, ќе видиме“, изјави Николовски

Во официјалното соопштение на министерството за транспорт и врски стои дека единствен прифатлив услов на Македонија за реализација на пругата е ако Бугарија почне со проектирање на тунелска цевка, а двете земји заеднички извршат пробивање на тунелот.

Тоа го потенцираше и премиерот Христијан Мицкоски кој кажа дека на две од три секции на пругата веќе се работи и додека Бугарија не го презентира новиот проект за тунелот, Македонија нема да почне да работи на третата последна секција и да потроши половина милијарда евра на проект без јасна визија.

„Вистинското прашање е до каде е овој проект во Албанија. Дали таму постои проект? Дали таму почнала Владата да го прави и дали е во приоритетите. Ние нашата посветеност ја покажавме и ја докажавме со тоа што Секцијата 1 од Куманово до Бељаковце веќе го завршуваме, Секцијата 2 од Бељаковце до Крива Паланка се гради и секцијата 3 додека не видиме од бугарска страна кој што е од Крива Паланка до границата со Бугарија јасна посветеност и проект ние немаме намера да трошиме парите бидејќи тие пари ќе ги насочиме за други проекти кои во овој момент се поприоритетни“, изјави премиерот Христијан Мицкоски

Бугарската делегација вчера соопштила дека во овој момент немаат проект за изградба на тунелот но биле подготвени да почнат и би бил завршен до 2026 година.

Премиерот Мицкоски и вицепремиерот Николовски во изминатиот период беа децидни дека нема да се гради пруга која ќе заврши во слеп тунел и обвинија дека имало обид за поткуп но не посочија кој или која компанија нудела пари.

Огнен Чанчаревиќ