Министерството за транспорт потврди дека земјата е посветена на изградба на железничка пруга кон Бугарија, но нагласи дека не може да се прифати проект што завршува во тунел за кој не постои проект од бугарска страна.
На средбата во Брисел, македонските претставници истакнале дека единствениот услов за реализација на проектот е започнување на проектирање на тунелот од Бугарија и негово заедничко пробивање, се вели во денешното соопштение.
Од транспорт додаваат дека македонската делегација предводена од директорот на МЖ Инфраструктура и Државниот секретар, истакнале дека иако нема проект од бугарска страна, е изразена подготвеност за започнување на работата, со планирано завршување на проектот до 2026 година.
На состанокот исто така било заклучено дека двете земји ќе организираат уште една работна средба на крајот на месецот за да се разгледаат деталите околу заедничката реализација.











