Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Министерството за правда информира дека се неточни тврдењата дека ќе се изгубат средствата од реформската агенда

/

пред 481 дена

Сподели преку :

Министерството за правда информира дека се неточни тврдењата дека ќе се изгубат средствата од реформската агенда. Во соопштението Министерството наведува дека европските средства не се под закана, а роковите предвидуваат дополнителни 12 месеци за исполнување на обврските.

Според министерството за правда,  подготвени се 7 од 8-те закони од Реформската агенда со рок јуни 2025. А во владина процедура се закон за платите на судиите, закон за платите на јавните обвинители, закон за платите на членовите на Судски совет на Република Северна Македонија, Закон за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, Закон за Судскиот совет, Законот за судска служба, Законот за јавнообвинителска служба.

Во однос на  Изборниот законик , Министерството известува дека текстот е  подготвен од страна на стручните служби во Министерството за правда, во согласност со препораките на ОДИХР и истиот испратен до нив.

„Воспоставена е комуникација и одржан е состанок со претставниците на ОДИХР, за обезбедување на експертска помош за целосно усогласување на одредбите со препораките на ОДИХР“ велат од Министерството за правда.

Освен овие закони, до Влада се испратени и други два закони, и тоа – Закон за спречување на корупција и судир на интереси и Закон за заштитено пријавување и заштита на укажувачи. Иако овие два закони не се предвидени со Реформската агенда, обврската за нивно донесување произлегува од Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, Патоказот за Владеење на правото и Патоказот за реформа на јавната администрација, како и од препораки на ГРЕКО и Европската Комисија.