Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Министерството за здравство ја раководи помошта за семејствата и повредените од Кочани

/

пред 488 дена

Сподели преку :

Министерството за здравство ќе ја раководи координацијата и управувањето со донациите за семејствата на настраданите и повредените во трагичниот настан во дискотеката во Кочани, соопшти денеска министерот за здравство, Азир Алиу, на брифинг со новинарите.

Тој информира дека Министерството имало неколкучасовна средба со експерти, родители и млади кои биле директно засегнати од трагедијата.

Како резултат на тоа, е донесена одлука Министерството за здравство, заедно со Владата, да преземе лидерство во координацијата на сите процеси поврзани со прифаќањето и распределбата на донациите.

Покрај тоа, Алиу најави отворање на мултифункционален иновативен центар во Кочани кој ќе нуди различни услуги и сервиси, како и простор за младите и останатите жители на градот. Овој центар ќе биде дел од долгорочната поддршка и рехабилитација на заедницата погодена од трагедијата.