Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мираковски: Не сметам дека ако се тргне „Усје“ дека ќе се подобри квалитетот во скопската котлниа

/

пред 296 дена

Сподели преку :

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип во вечерашната Топ Тема се осврна на бројките.

„Јас би зборувал со бројки. Ако ги гледаме емисиите што ги рапортираат тие, тие емисии стојат во министерството за животна средина, има годишни извештаи кои можат да се проверат, мислам дека се јавни или дел се јавни или сум грешка. Ние добиваме информации кога работиме на студиите за инвентарот за загадување, добиваат информации и сите заинтересирани страни. Последните информации коишто јас ги имам од инвентарите за загадување беа околу 20-тина тона ПМ2 ипол годишно. Зборувам за „Усје“ конкретно вкупната. Еве финската студија којашто ја спомнуваат, тоа е постара малку студија, мислам дека имаше околу 80 тона ПМ честички од индустријата во 2016 година. Катастарот што е објавен на град Скопје, катастарот на загадувачи има малку различни емисии, но меѓутоа и они се во оваа класа на број. Соодносот помеѓу емисиите на сите индустриски регистрирани емитори. Вкупната емисија е некаде околу 2% којашто доаѓа од резиденцијалните извори за затоплување“, изјави  Дејан Мираковски, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Тој истакна дека многу помалку емисии доаѓаат од индустриските отколку од резиденцијалните објекти. Според најновите истражувања на Шведската агенција за животна средина емисиите коишто доаѓаат од резиденцијалните извори се многу повисоки од оние коишто доаѓаат од индустриските извори. Тој вели дека не би спорел дали треба да се дислоцира или не, бидејќи смета дека тоа е одлука на градот Скопје и Владата, но е на став дека не смета дека и да се тргне дека многу ќе се подобри квалитетот на воздухот во скопската котлина.

Т.Д.