Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мирен марш за подигнување на свеста – Се одбележува Светскиот ден на Мултиплекс склероза

/

пред 132 дена

Сподели преку :

По повод Светскиот ден на мултиплекс склероза , здружението Мобилност Скопје, со поддршка од Град Скопје, денеска по единаесетти пат организира мирен марш со цел подигнување на јавната свест за лицата со мултиплекс склероза, параплегија, дистрофија и детска парализа.

Организаторите посочуваат дека маршот има за цел да го истакне значењето на еднаквите можности, почитувањето на правата на лицата со попреченост и нивната поголема интеграција во општеството.

Собирот е закажан за 10 часот пред „Порта Македонија“, каде се очекува присуство на членови, поддржувачи, јавни личности, претставници од здравствениот и политичкиот сектор, како и медиуми.

Во 11 часот учесниците ќе започнат мирен марш по улицата „11 Октомври“, кој ќе продолжи кон Собранието и ќе заврши кај ДХО „Даре Џамбаз“.