Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, вети дека ќе стори сé што е можно официјално да ја покани Украина да ги започне преговорите за членство во ЕУ до декември.
Тој изрази намера да стори се за да ги убеди 27 членки дека е потребна позитивна одлука.
Лидерите на ЕУ треба да одлучат во средината на декември дали Украина треба да биде формално поканета да започне разговори за приклучување кон 27-члената унија.
На почетокот на овој месец, извршната власт на ЕУ препорача на земјата да и се дозволи да ги отвори преговорите за членство откако ќе реши некои од забелешките.
Молдавија, поранешна советска република која граничи со Украина, пак доби кандидатски статус во 2022 година, по руската инвазија врз нејзиниот сосед.
Сепак нема гаранции дека на самитот во Брисел кој треба да се одржи на 14ти и 15ти декември ќе се заземе едногласен став особено што Унгарија и Словачка се особено ладни за аспирациите на Украина во Унијата.











