Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Митревски обвинува за нелегална смена во ССМ, Трендафилов смета дека е нов политички притисок врз Синдикатот

/

пред 786 дена

Сподели преку :

Откако се оспори барањето за покачување на минималната плата на 450 евра во првите сто дена Влада, се оспори и легитимитетот на актуелното и минатото раководство на Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ).

Живко Митревски, кој беше претседател на ССМ во периодот од 2010 до 2017 година, денес соопшти дека поседува документи според кои тој е нелегално сменет од позицијата и дека изборот на неговиот наследник Дарко Димовски и сегашниот претседател Слободан Трендафилов се нелегитимни. Обвини и за финансиски малверзации во ССМ.

Трендафилов тврди дека обвинувањата се неточни бидејќи сите постапки се правосилно завршени. Смета дека станува збор за уште обид за упад и политички притисок.

Слободан Трендафилов, претседател на ССМ

Митревски не даде одговор дали ќе ги поддржи барањата на актуелното раководство доколку биде повторно назначен за директор на ССМ а планот и програмата дополнително ќе ги презентира на домашната јавност. Смета дека сегашното барање за 450 евра минимална плата е насилничко бидејќи веќе има договор со претходната Влада за покачување на минималната плата во март идната година.

Митревски ја закажа прес конференцијата пред зградата на ССМ но откако се појави и актуелното раководство одлучи да ја смени локацијата

Премиерот Мицкоски вчера соопшти дека ќе организира средба со претсатвниците на Синдикатите а во барањето за 450 евра минимална плата  гледа политичка конотација и  синхронизација меѓу ССМ и опозициската СДСМ.

Огнен Чанчаревиќ