Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ММФ и Светска банка годишниот состанок ќе го одржат во Мароко, како што првично беше планирано

/

пред 1138 дена

Сподели преку :

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка одлучија да го одржат својот годишен состанок во октомври во Мароко, и покрај фактот што земјата неодамна беше тешко погодена од разорен земјотрес.

Одлуката синоќа ја донесоа високи функционери на двете меѓународни институции, откако мароканските власти извршија притисок врз форумот што ќе се одржи во Маракеш, како што првично беше планирано.

Градот се наоѓа на само 72 километри од епицентарот на земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтер, во кој на 8 септември загинаа повеќе од 2.900 луѓе.