Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ММФ одобри 530 милиони евра за Македонија од Линијата за претпазливост и ликвидност

/

пред 1412 дена

Сподели преку :

Канцеларијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Скопје попладнево соопшти дека Извршниот одбор на ММФ го одобрил двегодишниот аранжман за Северна Македонија според Линијата за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ) во износ од околу 530 милиони евра.

Одобрувањето на аранжманот, како што стои во соопштението, овозможува итна исплата на околу 110 милиони евра, што ќе биде проследено со уште една исплата од околу 155 милиони евра по завршување на првиот преглед планиран во мај 2023 година.

„Северна Македонија се квалификува за PLL врз основа на нејзините здрави економски основи, силните рамки на институционалните политики, евиденцијата на добрите економски перформанси и имплементацијата на политиките и посветеноста да се одржуваат таквите политики во иднина“, се наведува во соопштението.

Аранжманот ќе ги поддржи владините политики за справување со економските последици од пандемијата ковид-19 и руската инвазија над Украина.