Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мнозинството се подготвува за жестока расправа со меѓуетничка конотација – в петок на седница интерпелациите за министрите

/

пред 653 дена

Сподели преку :

Мнозинството во Собранието се подготвува за жестока расправа и соочување со напади на меѓуетничка основа. Опозицијата ќе бара одговори и одговорност.

За два дена пратениците се враќаат на работа и прва работна задача којашто ги очекува е интерпелацијата на неколкумина министри и претседателка на собраниска комисија.

Седницата закажана за в петок почнува во 11 часот и има пет точки на Дневен ред. Станува збор за интерпелација за работата на првиот вицепремиер Меџити, за вицепремиерот Стоиљковиќ, за министерот за внатрешни Тошковски и заменикот Исени, како и интерпелацијата за пратеничката Илире Даути од Европскиот фронт која е претседателка на Комисијата за социјална политика, демографија и млади.

Премиерот Мицкоски денеска кажа дека очекува интерпелациите да не поминат, критиките ги оцени како неосновани, а на опозицијата ѝ порача да се реформира.

Очекувам од страна на опозицијата напади коишто ќе поларизираат, очекувам да поттикнат чувства на меѓуетничка нетолеранција, но мислам дека тоа ќе биде јалово и неуспешно. Но, добро. таква нѝ е опозицијата во овој момент. Се надевам дека ќе извлечат поука и многу скоро програмски ќе се реструктуираат и кадровски ќе се освежат, кажа Христијан Мицкоски, претседател на Владата на РС. Македонија.

Социјалдемократите на Извршен одбор донеле одлука да не ги поддржат и да не гласаат за интерпелациите поднесени од страна на поранешниот владин коалициски партнер ДУИ.

Наместо нови етнички поделби – да се судрат аргументите за работата на функционерите, порачуваат од „Бихаќа“.

Не се потребни нови поделби по етничка основа. За поднесување на интерпелација потребно е да се видат критериумите и секако сите оние аргументи коишто се поврзани со лошото работење на некој министер, за да може секако да бидат тие поднесени и поддржани. Пратеничката група на координација ќе го усогласи настапот на седницата, кажа Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Смена на министрите побараа опозициските пратеници од албанскиот блок, со оценка дека тие не направиле доволно за зачувување на соживотот, безбедноста, стабилноста и меѓуетничките односи, откако пред речиси два месеци се палеа знамиња и настанаа инциденти.

А, поради блокада на Законот за бранители, Левица побара смена на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути.

Спикерот Гаши на последниот брифинг за минатата година кажа дека интерпелацијата како инструмент нема правна последица и нема егзекутивна моќ туку тоа повеќе е демократска алатка за политичка дискусија околу една тема, носител на должност или избрано и именувано лице од Собранието.

Петар Догов