Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МНР: Македонската Амбасада во Атина за убиството е во постојана комуницира со надлежните во Грција

/

пред 1193 дена

Сподели преку :

По информацијата за убиството во Халкидики Грција, Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина стапила во контакт со надлежните институции, односно полицијата во Солун, и од таму е добиена потврда дека во Сани Вилас, Ханиоти двајца маскирани лица отвориле оган врз двајца државјани на Северна Македонија.

Двајцата биле однесени во општата болница на Халкидики, каде едниот им подлегнал на повредите, додека другиот поради тежината на повредите е транспортиран во друга болница, во Полигирос.

Според информациите на Aмбасадатa, на местото на настанот во моментов се наоѓаат повеќе тимови на грчката полиција и работат на расчистување на околностите на настанот.