Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека Амбасадата на Република Македонија во Бразил е во контакт со Амбасадата на Боливија во Бразилија, во врска со случајот на тројното убиство што се случи во земјата, при што, според српските медиуми, меѓу жртвите има и македонски државјанин.
Во моментот се чека завршување на обдукцијата за официјална потврда на идентитетот на жртвите, по што боливиските власти ќе ги соопштат деталите за случајот.
Министерството дополнително ќе ја информира јавноста веднаш штом добие официјални информации за идентитетот и околностите на настанот.











