Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МНТ прославува 80 години постоење со премиера на „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in MNT“

/

пред 279 дена

Сподели преку :

Македонскиот народен театар (МНТ), првата и најголема театарска куќа во земјава, вечерва прославува 80 години од формирањето, со премиера на сценскиот спектакал „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in MNT“. Во претставата настапуваат 55 актери од МНТ, студенти од ФДУ и од Универзитетот „Еуропа Прима“, како и деца од актерското студио „Михајловски“.

Драматизацијата за проектот ја направија режисерите Дејан Пројковски и Андреј Цветановски, а режијата ја потпишува Пројковски. Според него, публиката ќе тргне на патување во кое се спојуваат минатото и сегашноста на театарот, преку архетипски слики од нашата колективна меморија, претставени на современ начин.

Директорот на МНТ, Никола Кимовски кажа дека спектаклот е подарок од театарот за доајените и за сите други вработени што ја создаваат сценска магија, а актерот Јолевски, кој учествува во изведбата, рече дека таа е обединувачка за целиот колектив.