Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Моди со порака до Индијците: Штедете гориво, работете од дома

/

пред 148 дена

Сподели преку :

Индискиот премиер Нарендра Моди ги повика граѓаните и компаниите да штедат гориво и да работат од дома за да ја намалат потрошувачката на бензин и дизел, бидејќи порастот на глобалните цени на енергијата ги оптоварува девизните резерви на земјата, пренесува БТА.

„Луѓето и компаниите треба да дадат приоритет на враќањето на работа од далечина и онлајн состаноци, кои се применуваа за за време на врвот на пандемијата ковид-19, што укажува дека ова би и користело на земјата“, рече Моди.

Индискиот премиер додаде дека поради високите глобални цени на горивата, Индија треба да ги заштеди девизните резерви со користење помалку бензин и дизел.