Реформската агенда на секоја држава ја усвојува Европската комисија. Во моментот сите држави, исклучок на БиХ, поднесоа реформски агенди. Оној момент на усвојување на реформската агенда која е тригодишен документ во кој се наведени чекори за секоја реформа, нагласи професор д-р Силвана Мојсовска од Економскиот институт при УКИМ во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ.
„Доколку се запне на одредена реформа, постои начин да се промени реформската агенда, меѓутоа механизмот е ист како за нејзиното изготвување и донесување првиот пат. Односно препораката е „што сте ставиле таму, во реформската агенда, гледајте да го почитувате“. Затоа што доколку не се исполни нешто, нема трансфер на пари. И тука нема промени“, истакна Мојсовска.
Самото менување на реформската агенда бара многу напор и капацитет, додава Мојсовска.
„Ќе видиме како ќе се однесува владата“, вели Мојсовска.











