Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Молдавија се подготвува за можен прекин во испораката на гас од Русија

/

пред 1620 дена

Сподели преку :

Молдавските власти се подготвуваат за можен прекин во испораката на гас од Русија, изјави претседателката на Молдавија, Маја Санду.

– Секој ден се одржуваат состаноци и седници во енергетскиот сектор, бидејќи тоа е најголем проблем. Ако Газпром ја прекине испораката, имаме резерви во магацините на територијата на Романија. Покрај тоа, гас можеме да купиме на пазарот, властите се подготвуваа. Гас ќе има, ако не од Газпром, тогаш од други извори, но, цената е многу висока, појасни Санду.

Властите сакаат да го избегнат ризикот да останат без гас, како што нагласи претседателката, а клучниот проблем е цената, што значително се зголеми поради ситуацијата во регионот.

Претходно, Санду изјави дека Молдавија нема да може да се откаже од испорака на руски гас, бидејќи нема алтернатива.