Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МОН донесе одлука за привремено запирање на работата на приватниот Факултет за бизнис економија во Скопје

/

пред 390 дена

Сподели преку :

Министерството за образование и наука (МОН) донесе одлука за привремено запирање на работата на приватната висока стручна школа – Факултет за бизнис економија во Скопје. Причина, како што се наведува во соопштението на МОН, се констатирани нерегуларности во работењето и непостапување по задолжение за отстранување на истите.

„Нерегуларностите се констатирани од посебна комисија во рамки на МОН за вршење надзор над законитоста во работењето, а одлуката за времено запирање на работата на оваа приватна високообразовна установа е донесена и врз основа на мислење од Одборот за акредитација на високото образование. На Факултетот за бизнис економија нема запишани нови студенти во академската 2025-2026 година. Кон веќе запишаните студенти, високообразовната установа ќе ги исполни обврските предвидени во Законот за високо образование со цел овозможување непречена понатамошна едукација, односно префрлање на други факултети“, велат од МОН.

Нагласуваат дека почитувањето на законските прописи мора да биде основен принцип во работењето на сите образовни установи. Тоа, како што посочуваат, е единствениот начин да се обезбеди одржлив квалитет кон корисниците на образовните услуги.

„Во изминатите 15 месеци затворени се и 14 приватни научни институти, од кои дел поради неактивност, а дел поради неисполнување на условите за работа. МОН и во иднина неселективно ќе продолжи да ја контролира работата на образовните и научните установи и да презема соодветни мерки онаму каде ќе бидат констатирани отстапувања од правните норми“, порачуваат од МОН.