Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МОН формира комисија за преиспитување на содржината на учебникот по Историја за седмо одделение

/

пред 1437 дена

Сподели преку :

Ќе се преиспитува содржината на учебникот по историја за седмо одделение. Како што соопштија од Министерството за образование и наука (МОН), примени се повеќе претставки дека одредени податоци и информации не соодветствувале со научната реалност.

Со одлука на министерот Јетон Шаќири е формирана комисија која во законски рок од 10 дена треба да констатита дали забелешките се основани или не и доколку се, тогаш да достави предлог за повлекување на учебникот.

„Во зависност од обемноста на материјата која треба да се преработи, ќе биде донесена одлука за корекција на постојниот или за израбока на целосно нов учебник по соодветниот предмет“, соопшти МОН, без да прецизира за што конкретно се однесуваат претставките за учебникот.