Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Моника Зајкова е нова претседателка на Либерално-демократската партија

/

пред 1414 дена

Сподели преку :

Моника Зајкова е нова претседателка на Либерално-демократската партија (ЛДП) по осмиот партиски конгрес на кој таа беше единствен кандидат за функцијата. Зајкова, која досега беше потпретседателка на ЛДП и пратеничка во Собранието, го наследува Горан Милевски кој партијата ја водеше од 2015 година.

По изборот од делегатите на конгресот, Зајкова изјави дека ЛДП има континуитет и долго опстојува на политичлката сцена и оти во нејзиниот мандат може да се очекуваат повидливи политики, како и конкретни иницијативи со кои ќе се подобри секојдневното живеење на граѓаните.

„Не сакаме популизам и лажни ветувања за работи кои не можат да се имплементираат, туку мали и јасни иницијативи што водат кон конкретни чекори кои ќе значат подобрување на животот и условите во државата“, рече Зајкова.

Смета дека државата треба да биде фокусирана кон прогресот и, како што рече, „храбро да чекори кон продолжување на преговоите со Европската Унија, да се отвораат и затвораат поглавјата“.

„Ни претстојат сериозни реформи, процеси кои ќе бидат можеби долги и сигурно ќе нè чинат многу, но ќе значат подобра, попрогресивна европска држава, подобар животен стандард на сите граѓани“, рече новата претседателка на ЛДП.