Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мора да сме реални, без да ја занемариме ситуацијата на терен – Италија со услов за Украина за воена помош

/

пред 1019 дена

Сподели преку :

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Гросето повика на поголеми дипломатски напори за завршување на војната меѓу Украина и Русија, и покрај предупредувањата на Киев дека Москва нема таква намера.

На парламентарно сослушување, Гросето рече дека Италија ќе бара „стратегија на две пруги“ за воена поддршка за Украина која ќе биде врзата за „преговаран договор“. Во превод, Италија би можела воената помош да ја услови со почеток на преговори меѓу Киев и Москва.

„Мора да бидеме реални. Не можеме да ја занемариме воената ситуација на терен“, рече Гросето додека пратениците ја одобруваа новата билатерална помош за Украина.

„Се чини дека дојде време за ефикасна дипломатска акција“, додаде италијанскиот министер за одбрана.

Италија долго време важеше за мост меѓу Русија и Западна Европа, со оглед на силните односи на италијанската комунистичка партија со Советскиот Сојуз за време на Студената војна, пишува „Фајненшл тајмс“.

Гросето инсистираше дека неговиот повик за дипломатска акција не одразува слабеење на поддршката на Рим за Киев или негова одлучност за постигнување на „праведен мир“ и предупреди дека напуштањето на Украина би можело да има големи последици за европската безбедност.

Сепак, изрази и загриженост поради „реалната украинска способност да се спротивстави на украинските сили“.

„За жал, украинската летна контраофанзива не ги даде очекуваните резултати“, истакна Гросето и додаде дека 2024 година ќе биде „критична“ за иднината на Украина.