Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Москва ќе го почитува прекинот на огнот, Зеленски повика странски претставници да не присуствуваат на парадата

/

пред 150 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски,  по повод Денот на победата во Москва, ги предупреди официјалните претставници на државите сојузнички на Русија да не патуваат во руската престолнина на годишната парада на 9 мај, со која се одбележува победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија.

Во своето видеообраќање, Зеленски изјави дека Украина добила прашања од држави блиски до Русија во врска со патувањата во Москва, при што тие соопштиле дека нивни официјални претставници планираат да присуствуваат на свеченостите. Украинскиот лидер оцени дека желбата на странските претставници да присуствуваат на прославите во ваков момент е „чудна“.

– Ние не го препорачуваме тоа – рече Зеленски.

Традиционалните прослави на 9 мај во Москва вклучуваат воена парада на Црвениот плоштад. Рускиот претседател Владимир Путин прогласи прекин на огнот за време на одбележувањето, но Зеленски изрази сомнеж во врска со тој потег.

– Тие бараат дозвола од Украина да ја одржат својата парада, за безбедно да излезат на плоштадот еден час во годината – изјави украинскиот претседател, додавајќи дека Русија потоа сака повторно да продолжи со војната и со нападите врз Украина.

Москва претходно денеска потврди дека ќе го почитува прекинот на огнот и соопшти дека руските сили ќе ги прекинат воените операции од полноќ до 10 мај, согласно едностраната наредба на Путин.