Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Можете некому да донесете вода, но не можете да го натерате да пие – Нетанјаху за можноста за народно востание во Иран

/

пред 211 дена

Сподели преку :

Иран повеќе не е истата земја по речиси две недели заеднички американско-израелски напади, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Целта е да го запреме Иран да ги премести нуклеарните и балистичките проекти под земја. Работиме и на унапредување на уште една цел, а тоа е да создадеме услови кои ќе му овозможат на иранскиот народ да го отстрани суровиот тирански режим кој го угнетуваше речиси педесет години“, рече Нетанјаху за време на првото јавно обраќање откако САД и Израел почнаа напади врз Иран.

Тој додаде дека, покрај тоа, потребно е и Иранците да излезат на улиците.

„Му порачувам на иранскиот народ: Се ближи моментот кога ќе можете да тргнете на нов пат на слободата. Тој момент се приближува. Стоиме со вас“, рече израелскиот премиер.

Тој наведе дека, и покрај сè, нема гаранции дека иранскиот народ ќе крене востание откако Израел ќе „создаде услови“ за промена на режимот.

„Можете некого да донесете до вода, но не можете да го натерате да пие. Ќе создадеме оптимални услови да го направиме тоа, вклучувајќи воздушни напади како што правевме вчера, како што правиме овие денови, да се обидеме да им дадеме простор кој им е потребен за да излезат на улиците“, наведе израелскиот премиер.

Тој рече дека се задаваат „тешки удари“ на Иранската револуционерна гарда (ИРЦГ) и на паравоените сили Басиџ, додавајќи и дека либанската група Хезболах „ќе плати висока цена за својата агресија“.