Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Можно труење со храна во ТИРЗ зоната во Штип – епидемиолошки тим земал мостри од храна и брисеви од работни површини во кујната

/

пред 86 дена

Сподели преку :

Центарот за јавно здравје-Штип спроведува епидемиолошка истрага, откако биле пријавени шест случаи на можно труење со храна кај вработени во фабрика лоцирана во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) – Штип.

Од Центарот информираат дека eпидемиолошки тим извршил увид во објектот каде се подготвува и послужува храната, а бил одржан и едукативен разговор со одговорните лица и персоналот за правилниот прием, подготовка, складирање и чување на храната.

Во рамки на преземените мерки било наложено генерално механичко чистење на објектот, спроведена е вонредна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, а на вработените им биле извршени и вонредни санитарни прегледи.

Дополнително, земени се мостри од храната за микробиолошка анализа, како и брисеви од работните површини во кујната, со цел да се утврди евентуалниот извор на контаминација.