На Градските гробишта во Кочани денеска ќе бидат погребани 30-тина загинати од пожарот во дискотеката „Пулс“ што се случи во неделата рано наутро. Погреби ќе има и во Скопје, во Штип и во Облешево.
Погребот во Кочани е закажан за 12 часот а на него ќе чиноначaлствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение со повеќе архиереи од МПЦ-OA.
Од МПЦ – ОА замолуваат за достоинствено и христијанско однесување.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во неделата рано наутро загинаа 59 претежно млади лица, а 178 се повредени.











