Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Муцунски и Герапетритис со прва тет-а-тет средба

/

пред 767 дена

Сподели преку :

Прва средба на новиот министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски, со грчкиот колега, Јоргос Герапатритис. Двајцата шефови на дипломатии средбата ќе ја одржат во Њујорк во рамки на Генералното собрание на ОН. Средбата доаѓа три месеци по промена на владата во Македонија и преземањето на функцијата од страна на Муцунски, но и три месеци откако Герапатритис на два часа беше во Скопје за да учествува на самитот во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, кога претходниот министер, Бујар Османи, ги ситнеше последните денови на функцијата.

Герапатритис тогаш испрати порака дека Грција е силен поддржувач на ЕУ перспективата на Западен Балкан, но оти напредокот на земјите треба да се одвива врз почитување на демократијата, владеењето на правото и на сите меѓународни договори. Тогаш тет-а тет средба меѓу Османи и Герапатритис немаше поради наводниот набиен распоред на грчкиот министер, но со Османи се виде неговата заменичка Алаксандра Пападопулу. Средбата следеше по затегање на односите меѓу двете земји откако претседателката Гордана Силјановска Давкова давајќи ја свечената заклетва во Собранието како претседател избегна да го каже уставното име на државата.

Грција тогаш ја потсети Македонија за обврските преземни со Преспанскиот договор, на што, во тој период мандатарот, Христијан Мицкоски, изјави дека се подготвува документ  колку Македонија, а колку Грција исполнила од Договорот.

Страстите меѓу двете земји се смирија откако новата македонска влада излезе со став дека Преспанскиот договор е реалност и е дел од уставниот поредок на земјата и почна да го користи уставното.

Инаку најава за денешната средба Муцунски – Герапатритис стигна и од двете министерства, но со штура информација за што конкретно ќе се разговара. Македонското МНР најави дека на сребата ќе се разговара за најактуелните регионални и меѓународни теми, како и за понатамошно продлабочување на билатералните односи и економската соработка помеѓу двете земји. Додека во најавата на грчкото МНР средбата со македонскиот шеф на дипломатија е најавена како една од четири одделни средби кои ќе ги има Герапетритис со свои колеги во Њујор – со министрите на Бахреин, Боливија, Северна Македонија и Саудиска Арабија.

Нејасно е дали исполнувањето на обврските од Договорот од Преспа ќе биде конкретна тема на средбата Муцунски – Герапатритис, вклучително и работата на историската Комисија меѓу двете земји, во која ќе се менува македонскиот тим, поради забелешките кои ги има новата влада на неговата досегашна работа.

Тамара Грнчароска