Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Муцунски: Измените на законот за надворешни работи се суштински чекор кон професионализација на дипломатијата

/

пред 516 дена

Сподели преку :

Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски оцени дека усвоените измени на Законот за надворешни работи во собранието, се суштински чекор кон професионализација на дипломатијата и подобрување на условите за македонските дипломати во странство.

Според него, по повеќе од една деценија се прават суштински измени кои предвидуваат зголемување на процентот на амбасадори од редот на кариерните дипломати, продолжување на мандатот на упатените дипломати на четири години (наместо досегашните три), како и уредување на процедурата за именување на амбасадори и улогата на Собранието во таа постапка.

Дополнително, воведена е можност за назначување специјален државен претставник во странство, доколку постои посебен интерес за државата, напиша тој во објавата на Фејсбук.