Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Муниција во април, „силен исчекор кон НАТО во јули“ – украински очекувања за наредните четири месеци

/

пред 948 дена

Сподели преку :

До април доволно муниција, а во јули и „силен и далекусежен исчекор кон НАТО“. Ова се дел од очекувањата на украинските власти за наредните четири месеци.

„Украина се соочува со недостиг на муниција и се надева дека до април ќе има доволно за одбивање на руските сили на фронтот“, соопшти премиерот Денис Шмихал, пренесува „Ројтерс“.

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба денеска изјави дека Киев очекува „силен и далекусежен исчекор“ кон членството во НАТО на самитот на Алијансата во јули во Вашингтон.

„Работиме напорно за да направиме силен и далекусежен исчекор кон членството на Украина во НАТО на самитот во Вашингтон“, рече Кулеба на онлајн прес-конференција, пренесуваат британските медиуми.

Тој додаде дека Украина ги исполнува главните критериуми за членство во Алијансата, како што е „капацитетот за одбрана на границите на НАТО“.

Самитот на НАТО ќе се одржи во Вашингтон од 9 до 11 јули годинава.