Уставните измени остануваат предизвик и во следната година. По оптимистичната најава од министерот Таравари вчера дека, во 2025 година очекува да почнат преговорите со ЕУ, вицепремиерот за европски прашања е поумерен во интервју за МИА.
Вели дека, мора да се штити процесот на пристапување од натамошна билатеризација, бидејќи таа станува проблем и за самата Европска Унија.
Муртезани посочува дека, измените ќе бидат спроведени кога ќе се обезбедат сигурни гаранции дека нема да се појават дополнителни блокади од страна на Бугарија, затоа што нема никаква смисла ако пристапувањето кон ЕУ се води врз основа на историски случувања од 11, 12 или 13 век.
На иста линија е и претседателот на Собранието, кој во последната изјава за годинава рече дека чекорите мора да се влечат претпазливо. Измените, рече ќе се донесат кога ќе имаме предвидливост на процесот и кога тоа ќе биде најдобро за државата.
Премиерот, пак, на оваа тема кусо изјави дека е реален оптимист.
Далиборка Демјанска Цветановска











