Македонија прецизно ги лоцирала точките по кои Бугарија може да ја блокира со билатерални теми, доколку земјава, без да добие гаранции од ЕУ дека тоа нема да се случува, ги спроведе уставните измени за да ги продолжи преговорите. Сепак министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, не открива кои се тие точки, но за истите ги информирале европските партнери.
„Мислам дека сè уште е рано јавно да се зборува за тие работи. Ќе треба да се стрпиме уште малце. Сите тие наши настојувања преку нашите европски партнери и пошироко се многу активни во периодот и во моментот кога ние ќе сметаме дека е доволно заштитен интересот на граѓаните и воспоставен дијалогот со Бугарија, секако дека тие ќе се споделат“, изјави Орхан Муртезани, министер за европски прашања.
Муртезани притоа го повтори ставот дека планот за уставни измени со одложено дејство не е завршена приказна, бидејќи од Брисел се уште за него не го вклучиле црвеното светло.
„Тој не е предлог што се отфрла целосно. Во моментот кога не се отрфла целосно тоа значи дека Брисел ја разбира суштината на тоа што ние го оспоруваме и тоа создава простор ние да дојдеме до заедничко прифатливо решение“, изјави Муртезани.
Додека Владата чека да стигнат гаранции од ЕУ дека уставните измени би биле последното билатерално условување од Бугарија за да се пристапи кон уставни измени, надеж се гледа и во можна промена на едногласно одлучување во ЕУ, како што шефот на дипломатијата рече дека ја толкува изјават на германската министерка за надеворешни работи, Аналена Бербок, од минатата недела. Пораката, меѓу другото, на Бербок гласеше дека правилата во ЕУ се дека се одлучува едногласно и се додека тие правила не се сменат, за што, како што рече, таа лично се залага, тие правила треба да се почитуваат.
Сепак Муцунски денеска со став дека држава нема време за чекање да се смени системот во ЕУ за таа да ги продолжи преговорите
„Ние немаме време како држава за чекање. Јас само сакав да го потврдам фактот што Германија јавно, отворено, почна да зборува за промена на еден систем на гласање којшто создава штета и за перцепцијата на ЕУ“, изјави шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски.
На владината листата на чекање за да се рестартираат преговорите со Брисел, е и формирање на политичка влада во Бугарија по изборите на 27 октомври.
„Без да се формира влада во соседна Бугарија тешко е дека ќе може со полн политички легитимитет да се дојде до компромис каков што ние посакуваме“, рече Муцунски.
Муцунски не кажа конкретно кој би бил планот Б на Македонија додека Бугарија повторно не успее да формира влада.
Инаку во контект на европксите интеграции на земјава опозициската СДСМ денеска најави дека и официјалано ќе побадаат од Собранието одржување на затворена седница на која премиерот, Христијан Мицкоски, би ја презентираал својата стратегија за евроинтеграциите и ќе кажат дали и каков план има Владата за продолжување на процесот.
Тамара Грнчароска











