Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Муртезани во „Топ тема“: Реформската агенда е со вкупен буџет од 750 милиони евра, пред Нова година ќе поднесеме барање за првата транша

/

пред 699 дена

Сподели преку :

Зависно од тоа како ги гледаме зелената енергија и дигитализацијата, станува збор за пет или шест политики кои внатре вклучуваат конкретни области, 36 конкретни реформи и 136 реформски чекори кои од една страна се поврзани со датуми за имплементација, од другата страна со одредени финансиски средства, истакна Орхан Муртезани, министер за европски прашања, во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Распределувањето на износите по реформа е направено согласно методологија на Европската комисија, согласно тежината. Ако една реформа е поклучна, посуштинска и бара поголем ангажман на институциите, таквите се со максимална награда, 8,5 милиони евра. Тие во првата скала, генерално Акциски планови или насоки, се во износ од два милиона евра. Вкупниот буџет на целата реформска агенда е 750 милиони евра кои веќе ни се на располагање, меѓутоа за да може да се повлече првата транша, треба да се потпишат Договорите за инструмент за раст кој што е во надлежност на министерството за европски прашања и Договорот за заем во надлежност на министерството за финансии. По нивна ратификација во собранието, некаде пред Нова година ќе го поднесеме барањето за првата исплата“, појасни Муртезани.