Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МВР: Фатен турски државјанин кој предизвика сообраќајка во Аеродром и побегна

/

пред 344 дена

Сподели преку :

Полицијата во Скопје го приведе турскиот државјанин М.А.А. (22), кој синоќа со автомобил „БМВ 5“ удрил во контејнери и паркирано возило „Алфа Ромео“ на улицата „Матеја Матевски“ во скопската општина Аеродром, по што побегнал од местото на несреќата.

Според информациите од СВР Скопје, настанот се случил на 8 ноември околу 22:50 часот, а возачот бил фатен кратко потоа по преземени полициски мерки.

Против него е поднесена прекршочна пријава за недозволена брзина, напуштање на местото на несреќата и возење под дејство на алкохол (0,97 промили), согласно членовите 33, 215 и 228 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Тој е изнесен пред судија за прекршоци.