Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МВР лиши од слобода четворица мажи од Скопје кои украле бронзена биста од гробиштата Бутел

/

пред 395 дена

Сподели преку :

Лишени од слобода четири лица од Скопје, фатени веднаш откако одзеле бронзена биста од гробиштата Бутел, следува пријава, објави Министерството за внатрешни работи.

  • На 17.09.2025 во 18:30 часот во Градски гробишта Бутел, полициски службеници од СВР Скопје – Полициската станица Чаир поради сомнение за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик ги лишија од слобода О.Ш.(49), М.Ш.(22), Љ.Ф.А.(26) и З.Р.(26), сите од Скопје.

Според информациите од МВР, во возилото „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Р., а останатите бие сопатници била пронајдена и одземена бронзена биста со две човечки тела во седечка положба, од кој едниот е во поголема, а другиот помала форма, која непосредно пред тоа ја одзеле од гробиштата.

Полицијата на З.Р. му го одзела возилото, а сопстеничката извршила препознавање на бистата.

Четворицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.