Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МВР потврди: Едно лице загина во пожарот во скопски Аеродром

/

пред 1012 дена

Сподели преку :

Во пожар во стан во зграда на ул. „Пандил Шишков“ во Скопје утрово животот го загуби Г.Б. (76).

Како што соопштија од МВР, околу 6:40 часот во СВР Скопје е добиена пријава за пожар во стан во зграда на ул. „Пандил Шишков“ во Општина Аеродром.

„Бригадата за противпожарна заштита го изгасна пожарот, а во станот е пронајден починат Г.Б. (76). Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во соопштението.

Претходно, од ЦУК информираа дека екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје веднаш излегле на терен и го изгаснале пожарот без да се прошири на соседните станови.

Во гаснењето на пожарот интервенирале 15 пожарникари со шест ПП возила.