Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МВР со апел до граѓаните да внимаваат на измамнички пораки за сообраќајни прекршоци

/

пред 143 дена

Сподели преку :

Министерството за внатрешни работи предупредува за зачестена појава на измамнички СМС-пораки во кои граѓаните се известуваат за наводно регистрирани сообраќајни прекршоци и се повикуваат на итна уплата.

Пораките доаѓаат од странски телефонски броеви и содржат линкови кои водат до лажни веб-страници што имитираат официјални институции. Откако корисниците ќе го отворат линкот, од нив се бара да внесат лични податоци и податоци од платежни картички со цел наводна наплата на казна од 1500 денари.

Властите апелираат граѓаните да не внесуваат никакви податоци и веднаш да ги игнорираат ваквите пораки. Секторот за компјутерски криминал при МВР апелира до граѓаните да не отвораат сомнителни линкови и прилози и да пријавуваат вакви обиди за измама, со цел заштита од злоупотреба на лични и финансиски податоци.