Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) На 1.Mај работниците и Сојузот на синдикати на Македонија излегуваат на протест

/

пред 158 дена

Сподели преку :

И овој 1-ви Мај, Меѓународниот ден на трудот, работниците и Сојузот на синдикати на Македонија излегуваат на протест.

Акцентот на минималната плата која според нив не обезбедува ниту основни услови за живот, а институциите не покажуваат волја за суштински решенија.

Од синдикатот велат дека повеќе од 200.000 работници се со плата под 600 евра.

Први мај е велат денот кога работниците треба да бидат најгласни, па порача дека протестот оваа година започнува од 11 часот од пред седиштето на ССМ, продолжува кон Собранието, преку Стопанската комора и ќе заврши пред Владата.

Фото: архива