Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На кои нешта сѐ уште робуваме и од кои нешта сѐ уште не се ослободивме

/

пред 442 дена

Сподели преку :

Секое чествување на Илинден и АСНОМ е можност да се постави прашањето на кои нешта се уште робуваме и како денес се промислува слободата не само на колективно, туку и на инвидуално ниво.  Граѓаните со различни ставови, сепак согласни во едно дека политиката и секојдневието говорат колку е безуспешен обидот за обединување.

Секогаш 2 август, особено за Илинден е срам тоа што се случува во Крушево. Со спротивставени табори поделеност и никакво единство. За жал тоа е, вели еден граѓанин.

За повозрасните пак редно време е се подигне свеста дека е тешко да се мисли на слобода на избор во време на сиромаштија и години во кои се почесто младите ја напуштаат државата. Велат робуваме на поделеност кога треба единство.

Политичкиот план влијае на сите страни, значи политиката е влезена во секоја клетка.  И егзитенцијата е на многу ниско ниво, има луѓе кои сѐ уште не можат да си дозволат ни храна и мислам дека тука треба многу да се работи, вели една граѓанка. 

Дали можеби знаеме да бидеме обединети за нешта кои се важни за сите ?

Треба да бидеме обединети кога е социјалата во прашање, кога е иднината во прашање, за животот на младите, тогаш треба да сме обединети. Многу пати ќе слушнеме беагаат младите и тоа е најголемиот проблем. Но тие фактички бегаат од тие состојби. Не дека им е толку убаво на страна некаде, но од овие состојби нерешени во државата они бегаат за подобар живот, додава таа.

Сепак малкумина се кои оние кога ќе ги прашате на што се робува денес и за каква слобода се мечтае ќе ви речат од прва слободно време со најблиските.

Сѐ уште им робуваме на нашите навики и на времето кое го поминуваме тука поради некои наши обврски. Не робуваме на слободното време, на нашите слободни активности поминати со децата. Време поминато со децата, во природа, покрај езеро,  море и летните активности.

Различни генерации различни асоцијации во начинот на кој ги промислуваат слободата и ропството. Сепак во едно се согласни дека дури и кога нивните поимања се целосно спротивни има клучни нешта за кои вреди да се обединат – слободата.

Нина Стефанова