Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На лицата со попреченост им се неопходни и лични асистенти

/

пред 1071 дена

Сподели преку :

Личните асистенти го менуваат и облагородуваат животот на лицата со попреченост. Вака Жана Дучкова од Гевгелија зборува за својата асистентка која за три месеци станува една од најважните личности во нејзиното опкружување. Вели дека и покрај тоа што има семејство личниот асистент и дава поголема сигурност, но и независност.

Поврзаноста помеѓу личните асистенти и корисниците ја потврдува и Марија Стоева, која во овој случај е давател на услугата лична асистенција. За неа ова е најблагородна работа и чувствува дека на тој начин е поддршка на заедницата и хуманоста.

Услугата за лична асистенција на лицата со попреченост е достапна преку ОО на Црвен крст – Гевгелија како нејзин давател, во партнерска соработка меѓу општините Гевгелија и Богданци, а со проект поддршка од Светскатванка и Министерството за труд и социјална политика.

 Сузана Мицева