Секое второ дете во земјава може да биде згрижено во градинка, бидејќи има долги листи на чекање.
Децата во Скопје, Куманово, Тетово, Кавадарци, Кочани, Струмица, а кои редовно се на листите на градови со најзагаден воздух имаат право на чист на воздух.
Потребни се учебници кои ќе даваат знаење, а не погрешни информации. Реформи во образованието, кои ќе бидат на долг рок, а не со промена на секоја власт да се прават експерименти.
Булингот присутен и во училиштата и во сајбер просторот, ова се дел од проблемите со кои се соочуваат децата во Македонија, а денеска на меѓународниот ден на децата 45 деца од земјава директно им ги пренесоа своите пораки на Владата, на теми климатските промени, вештачката интелигенција и демографијата.
Оценката на премиерот, Мицкоски е дека со децата имале инспиративна и точна, прецизна заедничка владина седница.
Светскиот ден на детето е воедно и потсетник за секоја власт да работи на создавање на свет, во кој сите деца ќе имаат еднакви можности и ќе растат во средина која го поттикнува нивниот развој и благосостојбата.
Викторија Димитрова Јованова











