Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На полноќ истекува рокот за собирање потписи за претседателска кандидатура

/

пред 955 дена

Сподели преку :

Собирањето граѓански потписи за претседателските и кандидатурите за пратеници во парламентот, кое почна пред точно две недели, на 23 февруари, завршува денеска на полноќ. По десет илјади потписи за кандидатура на претседателските избори собираат вкупно 15 кандидати. Седум од нив веќе успеаја да го соберат потребниот број.

Граѓанска поддршка добија Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Бујар Османи, Арбен Таравари, Максим Димитриевски, Билјана Ванковска и Стевчо Јакимовски. Останатите осум кандидати сè уште се во процес на собирање. Кај нив бројот на собрани граѓански потписи од 23 февруари до 6 март се движи во интервал од 0 до 2.100. Кандидатите за претседатели потписите ги собираат во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежни нотари.

Изборната кампања започнува на четврти април и ќе трае до 24 април на полноќ. Според роковникот на ДИК за Претседателски избори 2024, листите на кандидати за Претседател на Република Северна Македонија, овластените претставници на предлагачите ги доставуваат најдоцна на 19 март, до полноќ, односно 35 дена пред денот на одржување на изборите.

ДИК утврдената единствена листа на кандидат за избор на претседател ќе ја објави најдоцна 25 дена пред денот на одржувањето на изборите во „Службен весник на Република Македонија”, најдоцна на 29 март, до полноќ. Ждрепката за утврдување на единствена листа на кандидати ДИК ќе ја одржи најдоцна на 28 март.