Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На повидок нови цени на струјата

/

пред 692 дена

Сподели преку :

Стручните служби во Регулаторната комисија за енергетика ги завршија пресметките за новите цени на пренос и дистрибуција на струјата. Предлозите утре ќе се најдат на главна седница на Регулаторите, по што ќе почнат пресметките за тоа дали и за колку ќе се зголемат сметките на граѓаните од Нова година.

Со оглед на тоа што набавната цена на струјата веќе се знае, врз основа на цените за пренос и дистрибуција, ЕВН Хоум треба да пресмета колку ќе плаќаат граѓаните. Нивните пресметки потоа повторно доаѓаат пред Регулаторната комисија за енергетика, која треба да ги одобри.

Премиерот Мицкоски рече дека покачувањето би се движело помеѓу 1 и 3 проценти.

Со оглед на тоа што има четири блока за скапа струја, има широк маневарски простор како да се постават цените, а да не бидат голем удар врз најсиромашните. Па така, цената во првите два блока може да остане непроменета или да има помало поскапување, а поголемо да има во третиот и во четвртиот блок.

На подготвителна седница во петокот, енергетските компании ги изнесоа своите забелешки на предложените цени за пренос и дистрибуција. Било предложено услугата на МЕПСО, односно преносот да поскапи за 5,6 отсто, на МЕМО за 19,8 проценти, а кај Електродистрибуција да има намалување од 5,5 проценти, со што од компанијата не се согласиле.

Стручните служби во Регулаторна викендов ги разгледувале нивните забелешки, по што утре треба да ги достават конечните предлози.

Сметките на граѓаните најмногу зависат од набавната цена на струјата. Државниот производител ЕСМ на универзалниот снабдувач му понуди да ги задоволи вкупните потреби по цена од 62 евра за мегаватчас, 3,3 отсто поскапо од досегашната.

Околу една третина од цената на струјата на граѓаните зависи од трошоците за Електродистрибуција, па евентуалното поевтинување таму може делумно да го компензира поскапувањето од ЕСМ.

Трошоците за МЕМО се незначителни, па дури и да се зголемат за 20 отсто, тоа ништо не значи за сметките за потрошувачите. Дури и поскапувањето за МЕПСО нема голем удел во крајната сметка. Кон средината на овој месец веќе треба да се знаат утврдените цени.

Срѓан Стојанчов