Утре во Собранието ќе се одржи седница на која ќе се разгледуваат интерпелациите за неколку министри и претседателката на Комисијата за социјална политика, Илире Даути.
Интерпелациите се поднесени од опозицијата, која ќе бара одговорност за, како што велат, лошото работење на функционерите.
На утрешната седница се очекува жестока расправа, со потенцијални напади со меѓуетничка конотација.
Премиерот Мицкоски изрази уверување дека интерпелациите нема да поминат и дека опозицијата ќе биде неуспешна во поттикнувањето етничка нетолеранција.
СДСМ пак најави дека нема да даде поддршка на интерпелациите, а од „Бихаќа“ рекоа дека важни се аргументите, а не етничките поделби.











