На социјалните мрежи се објавува апел зa помош за обезбедување вода, физиолошки ќебиња и кислород во болницата, како и помош при транспорт.

Ноќеска во Кочани избувна пожар во дискотека за време на концерт.
Во моментот на избувнувањето и ширењето на пожарот, дискотеката била полна со луѓе, а имало и употреба на пиротехнички и средства за светлосни ефекти.
Има информации за повредени и жртви. Спасувачката акција се уште трае. Вклучени се и цивилни возила поради голем број на повредени, објави Радио Кочани.











