Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На загубарите им се приклучи и М-нав со минус од 2,2 милиони евра

/

пред 1259 дена

Сподели преку :

Македонската железница никако  да се опорави.  И во последниот извештај на министерството за финансии за четвртиот квартал од 2022 година, претпријатието е со најголема загуба.  МЖ Транспорт,  годината ја затвори со  негативни финансиски резултати во работата.  Загубите изнесувале 3, 6 милиони евра.

Резултатите за МЖ Транспорт во овој квартал се полоши од претходниот.

Ова прептијатие  пред извесно време имаше и проблеми со долговите  за струја. Веќе подолг период,  МЖ Транспорт има потешкотии во работењето.

Во овој период според извештајот на финансии,  има  и неколку други државни и јавни претпријатија или АД во државна сопственост, кои имале негативен финансиски резултати.

Полошо од третиот квартал сработеле и воздухопловната навигација М- НАВ, која  во послендиот квартал лани регистрирала загуба  од 2,2 милиони евра. Но, и АД Државна лотарија. И  тука расходите се поголеми од приходите.

Во извештајот од финансии, со негативни финансиски резултати  се и  ЈП Злетовица – Пробиштип, ЈП Стрежево -Битола, Борис Трајковски, АД за стопанисување со деловен простор во државна сопственост, ЈП Колекторски систем- Скопје, АД Аеродроми, ЈП за водостопанство Лисиче- Велес.

Ирена Чачкова