Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Начинот на пресметка на платите во културата што го бара СКРМ отстапувал од пресметките на останатите вработени во јавниот сектор, велат од министерството

/

пред 265 дена

Сподели преку :

Начинот на пресметка на платите во културата , што го бараат од Синдикатот за култура е единствен и отстапува од пресметките на плати за останатите вработени во јавниот сектор. Ова е одговорот од Министерството за култура и туризам на прашањето на Телма, за барањето на СКРМ, платите да се зголемат согласно член 14 став 1 од Општиот колективен договор за јавен сектор, односно за 10% од основната бруто плата утврдена со Колективниот договор за култура.

  • Зголемувањето од 10% во септември 2023 година не беше вградено во коефициентите по работно место, утврдени во член 66 од Колективниот договор за култура, па поради тоа, секоја објава на новата минимална плата предизвикува зголемување на износот на минималната бруто – плата за 10% и создавање нова минимална бруто- плата која отстапува од минималната бруто – плата, објавена во согласност со закон, велат од Министерството за култура и туризам.

Упатството е донесено да не се создава правна несигурност. Според него , основната бруто плата во установите од културата се пресметува така што минималната плата се множи со коефициентот на сложеност на работно место, во согласност со член 65 од Колективниот договор за култура. А, на добиениот износ се додава разликата по работно место меѓу исплатената осносна бруто плата за септември 2023 година и исплатената за август истата година, во согласност со член 14 , став 1 од Општиот колективен договор за јавен сектор, велат од министерството.

Незаконска пресметка на платите во културата?!

За реакцијата на Синдикатот дека упатство донесено само со потпис на министерот Љутков, не може да биде над законите и колективните договори, од министерството одговараат дека немаат цел да бидат над нив, туку доследно ги почитуваат.

Добиена втората тужба за кратење на платите во културата

А, добиените 15 пресуди во корист на Синдикатот, од ресорот не ги коментираат. Но, велат дека  според правниот систем во Македонија, до правосилноста на пресудите постојат и повисоки судски инстанци.

Сотир Трајков