Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство дигна „Црвено знаме за целиот систем!“

/

пред 218 дена

Сподели преку :

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство бара итна, темелна и независна истрага за трагедијата што се случи на 2 март во скопската населба Тафталиџе, каде животот го загубија триесет и едногодишна мајка и нејзината шестгодишна ќерка.

Според сведоштвата на најблиското семејство, мајката подолг период била жртва на семејно насилство кое било пријавувано во надлежните институции. Доколку се потврди дека институциите имале сознанија, а не презеле соодветни мерки за заштита, бараме со име и презиме да се утврди одговорност кај сите службени лица – од Министерството за внатрешни работи, центрите за социјална работа, јавното обвинителство и сите други надлежни институции.

  • Оваа трагедија не е изолиран случај. Само во 2026 година веќе се изгубени четири животи како последица на родово базирано и семејно насилство. Според податоците на Еуростат за 2023 година, Северна Македонија е меѓу земјите со највисока стапка на фемициди во Европа што е алармантен показател дека системот за заштита не функционира ефикасно.

Пред само еден месец предупредивме дека новата година започна со загрижувачки пораст на случаи на семејно и сексуално насилство врз жени и деца.

Ова што го гледаме не се изолирани инциденти ова е образец. Образец на недоволна превенција, задоцнети институционални реакции, слаба проценка на ризик и недоволна заштита на жртвите.. Наместо системот да обезбедува навремена заштита, третман и санкционирање на сторителите, сведочиме на пропусти што ја одржуваат и продлабочуваат културата на неказнивост.

Законите постојат, но нивната примена е недоследна и недоволна.

Поради тоа жртвите остануваат без соодветна поддршка и заштита, додека насилниците продолжуваат неказнето да ги загрозуваат нивните животи, стои во реакцијата од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство бара:

  • Целосна и транспарентна истрага за постапувањето на сите институции во случајот во Тафталиџе, вклучително и проверка дали постоеле пријави/сознанија и какви мерки биле (или не биле) преземени;
  • Суспензија на сите службени лица вклучени во постапување, се до завршување на истрагата
  • Утврдување индивидуална одговорност за секое службено лице кое не постапило согласно законските обврски;
  • Соодветни санкции, вклучително и кривична одговорност и затворски казни за службени лица од МВР, центрите за социјална работа, јавното обвинителство и сите други надлежни институции каде што ќе се утврди дека морале, а не презеле мерки за заштита и/или дека пропустот придонел за фатален исход;
  • Најстроги казни за сторителот на насилство;
  • Итна ревизија на проценките на ризик и механизмите за заштита на жртвите на семејно насилство, како и на практиките за форензичко постапување и истраги во случаи на сомнителна смрт.

Животот на жените и децата не смее да зависи од тоа дали системот ќе ја препознае опасноста дури откако трагедијата веќе се случила.

Мајка и дете скокнаа од балкон во Карпош

Национална мрежа против насилство врз жените и семејното насилство ги обединува следниве организации:

  • Асоцијација за здравствена едукација и истражување – ХЕРА
  • Хелсиншки комитет за човекови права на Р. Македонија
  • Здружение за еднакви можности „Семпер“ – Битола
  • Асоцијација за унапредување на статусот на жената во Македонија „Женска акција“ –
    Радовиш
  • Младински центар за еднакви можности
  • Здружение на граѓани „СУМНАЛ“
  • Организација на жени на град Скопје – ОЖС
  • Организација на жени на општина Свети Николе
  • Кризен центар „Надеж“
  • Организација на жени Tурчинки во Македонија – ДЕРЈА
  • Женска граѓанска иницијатива – АНТИКО
  • Женска граѓанска иницијатива „Клеа“ – Битола
  • Здружение за родова еднаквост ВИЗИЈА – Кавадарци
  • Комора на психолози на Република Македонија
  • Ромска асоцијација за жени и млади „Лулуди”
  • Организација на жени на општина Велес
  • ТАКТ – Здружение за унапредување на меѓусебна доверба
  • Здружение на психолози, психотерапевти и советувачи „Кортекс“ – Тетово
  • Хуманитарно здружение „Мајка“ – Куманово
  • Македонско здружение на млади правници
  • Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија (ЗМСТАМ)
  • Здружение за правна едукација и транспарентност Станица ПЕТ Прилеп
  • Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари
  • Здружение за развој и активизам „Аква“ – Струга