Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над 100 апсења низ Русија на импровизираните споменици за Навални

/

пред 980 дена

Сподели преку :

Не стивнуваат реакциите во светот по шокантната вест за смртта на најголемиот критичар и ривал на Путин и Кремљ, Алексеј Навални, кој гласно се бореше и зборуваше за корупцијата во земјата, а кој почина во засега неразјаснети околности во казнена колонија каде што издржуваше затворска казната во траење од 19 години.

Голем број жители на Русија излегоа да положат цвеќе во негова чест во многу градови низ земјата, но беа попречени во намерата од страна на руската полиција, а дел од опозициските активисти соопштија дека повеќе од 100 луѓе. Споменикот на жртвите на Советската репресија во Москва каде беше положено цвеќе доцна синоќа ноќеска е уништен од непознати лица во црна облека.

Западот без сомнеж дека власта во Кремљ стои зад смртта на Навални, а американскиот претседател Бајден пак прстот директно го впери во Путин.

-Путин е одговорен за смртта на Навални. Путин е одговорен. Она што му се случи на Навални е уште повеќе доказ за бруталноста на Путин. Никој не треба да се залажува – ни во Русија, ни дома, ни каде било во светот. Путин не ги таргетира само граѓаните на другите земји, како што видовме во она што се случува во Украина во моментов. Тој прави и страшни злосторства врз сопствениот народ, рече претседателОТ на САД Џо Бајден.

Меѓутоа дел од аналитичарите сметаат и дека можеби Путин и не е директно инволвиран во неговата смрт, туку дека зад неа стојат високопозиционирани лица во безбедносните органи на земјата кои беа директно посочени од него во неговите извештаи и истраги за корупција.

 Тој покажа со прст кон конкретни фигури. Значи, не мислев дека се обидуваат да го убијат. Мислам дека сакаа да му ги отежнат условите на затворање што е можно повеќе. За да навистина би страдал додека е во затвор, вели Ана Матвеева, виш научен соработник во рускиот институт, Кралскиот колеџ во Лондон.

И додека светот јавно говори за смртта на Навални, а одговорноста за неговата смрт ја бара директно кај рускиот претседател, Путин без коментар на ваквите обвинувања. Напротив тој денеска сподели честитки за државниот енергетски монопол Гаспром кој одбележува 31 година од своето основање.

„Драги пријатели, денес еден од предводниците на руската економија, компанијата Газпром, полни 31 година. Задоволен сум за оваа прилика да им честитам на ветераните од националната гасна индустрија, се разбира, на лидерите и на големиот, полумилионски персонал на Гаспром, на работниците и инженерите, мајсторите на нивниот занает, специјалистите од најразлични професии кои даваат се од себе во Урал и во Волга, во Сибир и на Далечниот Исток, во најтешките услови на Арктикот и во сите региони на Русија. Заедно, како обединет тим, постигнувате високи резултати, работите во интерес на земјата, ја олеснувате нејзината енергетска безбедност, порача претседателот на Русија, Владимир Путин.

 Долго време се чинеше дека Кремљ мислеше дека Навални е премногу влијателен за да се допре до него. Имаше поддржувачи низ целата земја и политичка мрежа каква што немаше ниту еден друг ривал на Путин.

Во август 2020 година, беше извршен и обид за атентат врз него на лет од Сибир, а тоа го потврдија и тестовите во Германија кои покашаа дека бил затруен со нервен агенс од воена класа, развиен во советско време.

Причините за смртта на Навални за сега остануваат непознати, а сомнежот дека тој е убиен дополнително го подгрева изјавата на неговата портпаролка Кира Џармиш која рече дека телото на Навални исчезнало откако утрово заедно со неговата мајка биле во мртовечницата во Салехард, град во близина на затворот каде што тој одлежувал затворската казна.

Александар Петрески